Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
Парите од унгарскиот кредит што поскоро да стигнат до бизнисот. Првиот човек на најголемата комора бара парите веднаш да се стават во функција. На тој начин, според Азески, ќе и покажеме на јавноста и меѓународната заедница дека покрај способноста за договор имаме спосособност и за импелментација и поддршка на бизнисот.
- Намерата на премиерот да помогне на бизнисот е чесна како и настојувањата на банкарите да го одбранат своето. Но, чесно е барањето на бизнисот, имплементација одма. Тоа ќе овозможи заедно со другите инвестициони активности што ги најавува Владата на РСМ и оние што ги планираат компаниите ,да внесеме доза на оптимизам дека работите одат кон посакуваната цел, а тоа подразбира раст на економијата поголем од 1.8% што беше просек во изминатиот период.,пишува во својата колумна Азески
Оваа недела банкарите очекуваат уште една средба со министерката за финансии, на кои ќе ги допрецизираат условите за заемот од Унгарија, вреден 250 милиони евра. Откако постигнаа договор за каматата, останува уште рочноста, однсно дали отплатата да биде 15 години, колку што инсистира државата или максумум 10 – колку што е пракса кај банките.
Инаку од финансии појаснуваат дека државата во целост ќе ја плати камата од 3,25 отсто кон Експорт импорт банката во Унгарија. Банките пак, на клиентите ќе им наплатат исто толкава камата од 3,25 за оперативни трошоци и за ризикот кој го превзеемаат.
Договорот за кредит беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта и најавуван како доста поволен за бизнисот.
-
Наташа Меросовска
Сите содржини од овој новинар