Русија забрани влез на двесте Американци, меѓу нив и браќата и сестрата на Бајден
Руските власти денеска соопштија дека им забраниле на група од 200 Американци да влезат на територијата на Руската Федерација, меѓу кои двајцата браќа и сестрата на американскиот претседател Џо Бајден, како и на неговата портпаролка Карин Жан-Пјер.
Како што е наведено, таа забрана е одговор на американските санкции кои претходно беа воведени кон Русија.
„Одлуката е донесена како одговор на санкциите на администрацијата на Бајден“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
На листата се Џејмс Брајан Бајден и Френсис Вилијам Бајден, двајцата браќа на американскиот претседател, како и неговата сестра Валери Овенс.
Исто така, на списокот е и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој силно ја критикуваше руската офанзива во Украина, како и разни политички личности и членови на американската администрација.
Ново на Сител
-
Вонредна седница на Владата
-
Зошто пропадна тендерот на ЈСП за набавка на нафта?
-
За влакно избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ
-
Се лансира правосудна мрежа за борба против корупцијата
-
Директорот на Детска контра решението на ДСЗИ – Системски проблем не се решава за 30 дена
-
Со мерки за старите возила Владата сака да го намали аерозагадувањето – За екоактивистите потребен е долгорочен план
-
Киев: Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета - Москва молчи
-
Министерот за транспорт и уште 10 лица уапсени во Нови Сад