Свет
21. November 2024 - 8:15

Американската Амбасада во Киев повторно отворена

„@USEmbassyKyiv (Амбасадата на САД во Киев) ја продолжи својата работа по привремениот прекин“, напиша американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк на платформата X.

- „Продолжуваме да ги охрабруваме американските граѓани да бидат внимателни, да ги следат официјалните украински извори за ажурирања и да бидат подготвени да се засолнат доколку биде издадена воздушна тревога“, додаде таа.

Следејќи го примерот на САД вчера своите амбасади ги затворија и Италија, Шпанија и Грција, додека француската Амбасада остана отворена, но оттаму ги повикаа француските граѓани да бидат претпазливи.