РСБСП: Време е да кажеме стоп за убиствата на патиштата
Годинава вкупно 21 лице го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а оваа бројка е еднаква на нивото и динамиката во последните две години, но со тенденција да расте со оглед на несовесното управување на возилата, додека околу една третина од сообраќајните незгоди се со смртни последици и се резултат токму на движење со недозволена и неприлагодена брзина.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) повикува дека е време да се каже стоп за убиствата на патиштата во Република Македонија, како и дека вината за оваа појава треба секој да ја бара длабоко во себе и да се запраша како всушност се однесува во сообраќајот и дали на тој начин го загрозува сопствениот живот и животот на другите учесници во сообраќајот кои се нечии деца, браќа, сестри, роднини и пријатели.
Сообраќајниот трауматизам, односно повредите кои настануваат како последица од несовесното однесување на патиштата претставува број еден причинител кој го загрозува животот и здравјето на младите лица. Во нашата земја во последниве десет години бројката на повредени се движи од 2.600-4.200 повредени со тенденција на растење на оваа бројка. Во просек годишно 160 лица го губат животот на патиштата во Република Македонија.
Според професор доктор трауматолог Виктор Камиловски, според типот на повредата најчесто се работи за краниоцеребрални повреди, крварења во мозокот со локални и дифизни оштетувања, торако-абдоминални повреди, како и повреди на локомоторниот апарат и тоа од прости па се до комплицирани мултифрагментарни отворени скршеници.
Причината за настанување и зголемување на сообраќајниот трауматизам е мултифакториелна и тоа пред се комбинација од различни фактори и тоа на прво место фактор човек, состојбата на патиштата, безбедно возило, употреба на пасивна опрема како носење сигурносен ремен, воздушни перничиња, носење заштитна кацига итн, се наведува во соопштението на РСБСП.
- Движењето со недозволена и неприлагодена брзина негативно се одразува на неколку аспекти за време на управување на моторно возило, како што се управливоста над возилото, сопирниот пат и можноста возачот навремено да може да застане пред одредена пречка и негативно влијание на последиците во случај сообраќајна незгода. Без разлика за каков модел и тип на возило се работи, сопирниот пат на возилото е во директна врска со брзината на движење од една страна, а од друга страна, во случај на сообраќајни незгоди со брзини поголеми од 120-130 км/ч последиците по возачот и сопатниците во возилото во најголем дел случаи се фатални, вели Зоран Јошевски член на РСБСП.
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот изминатиот период реализираше повеќе трибини на оваа тема, а за следниот период подготвува две нови кампањи за штетните последици од употребата на мобилните телефони и за брзото возење на патиштата.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп