Фудбал
26. February 2025 - 19:58

Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс

Вардар и Силекс, двата нејтрофејни клубови во Македонија, требаше денеска да одиграат дерби натпревар пред навивачите на двата клуба и целата спортска јавност. Но гледавме делегиран судија од страна на комесарот за делегирање Јосип Бартон со единствена задача да Вардар победи по секоја цена, уште од првата минута се виде дека Силекс нема што да бара на овој натпревар. Кога во првото коло на Македонската Фудбалска Лига му беше поништен гол на Силекс, беше измислен гол против Силекс, мислевме дека Јосип Бартон завршил со делегирање на судии со кои Силекс мора да изгуби, но не било така, имало и од лошо полошо. Откако Силекс заврши како есенски шампион, очигледно дека некој му дал задача на Јосип Бартон да делегира судии со кои Силекс мора да губи по секоја цена. Не знаеме дали позади ваквото делегирање стои Масер Омерагич претседателот на ФФМ, или Јосип Бартон работи под директива на други структури, тоа наскоро ке се види, бидејки ние будно ке ги следиме случувањата во и околу Фудбалската организација. Но да се вратиме на самиот натпревар и судењето на судијата Фуркан Идризи кој што нема судено вкупно 10 натпревари во Прва лига, но затоа денеска доби задача да суди и да уништи фудбалско дерби. 

Судиска одлука уште во првата минута предизвика смеа кај гостинските играчи. 

Само пет минути подоцна удар со лак во лицето на Дарко Додев не беше доволен за да се досуди фаул за Силекс. И кога контактот беше инициран од фудбалерите на Вардар, судијата Идризи покажуваше фаул за нив, дури и кога беше на само неколку метри од контактот.

Во 48-та минута, кога Силекс беше најблиску до постигнување гол, линискиот судија беше единствениот кој топката ја виде надвор од теренот, иако таа целата треба да ја помине линијата за да ваква судска одлука.

Само две минути подоцна Додев повторно доби удар со кој беше прекината контрата. Намерен удар со отворен ѓон.

Судиските грешки кулминираа во 68-та минута кога Вардар го постигна единствениот гол на натпреварот. Прво, додавањето од Дарко Сековски кон Горан Закариќ за Силекс е спорно. Иако не добивме повторена снимка од друг агол, на преносот ова додавање наликува на офсајд. Но тоа и не е толку гоелм проблем колку играњето на Азер Омерагиќ непосредно пред Донгмо да го постигне голот. Тој иако е надвор од теренот, и со тоа практично е исклучен од играта, топката ја враќа назад кон голот, и со тоа креира нова шанса, која Донгмо ја искористи. 

По овој натпревар во полуфиналето од Купот на Македонија продолжуваат Вардар, Шкендија, Струга и Брера Струмица.