Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
Ни треба заштитник на правдата а не заштитник на криминалот на СДСМ и ДУИ. Ден откако владиниот предлог за разрешување на јавниот обивнител Коцевски тргна од Илинденска кон советот на јавни обвинтиели Премиерот со порака. Ако СДСМ и ДУИ тврдат дека Коцевски е добар, мора да сториме се тој да биде сменет.
Во СДСМ се на ставот дека на судството му се потребни реформи но не вакви какви што спроведува владата. Партискиот лидер денеска рече дека се уште не знаат дали ќе го поддржат разрешувањето на Коцевски но дека и дека се загрижени дека власта спроведува партизација.
Согласно законот, сега на потег е Советот на јавни обвинители кој треба да донесе одлука. Оттаму за Сител велат дека до овој момент се уште не го добиле владиниот предлог. Советот може да ја развлече постапката најмногу уште 30 дена по што Собранието ќе може да закаже седница за гласање. За разрешување на Коцевски потребно е мнозинство од 61 пратеник.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар