Македонија
26. February 2025 - 21:15

Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче

Поранешен криминалистички разузнавач во СВР Куманово Зоран Петковски, беше првиот сведок на Љупчо Палевски во случајот за убиствата на Вања и Панче. Тој тврди дека кога бил на распит во полициската станица, обвинетитиот Боре Видевски бил претепан за да признае вина, а како доказ за тоа била дупката во ѕидот која му ја покажал инспекторот. Сведокот Петковски, иако знаел дека не смее да снима, сепак влегол со вклучен диктафон во полициската станица. Вели и дел од другите обвинети признале вина, од страв да не завршат како Видевски. 

Некаде после 50-ти минута ми се обрати инспекторот Зарински лично мене, некаде 54 минута, ме праша “го познаваш ли Боре?” - на што му одговорив “Да, го знам и го познавам”. Веднаш потоа, ми покажа со десна рака дупка во ѕидот, “ете тоа е од Боре. Толку, и ова не смеам да ти го кажувам но користевме стари медоти за добивање на признавање.” Не ми е чудно бидејќи и самиот бев во една таква структура, но сметам дека е битно, ако признанието на Боре е изнунедено со сила односно со тепање и мислам дека судот треба да го зема предвид.

Судот не ја ја прифати аудио снимката како доказ, бидејќи била незаконски снимена. За одбраната на Видевски тоа е неприфатливо, бидејќи до судот повеќе пати доставиле медицински извештаи дека имал скршеници и бил хоспитализиран поради повредите од полицијата. 

Одбраната пак на таткото на Вања денеска приложуваше материјални докази, меѓу кои и дека становите во Скопје се на име на неговите деца Вања и Миња, за што Обвинителството реагираше дека не се релевантен доказ документите зошто не се нотарски заверени и внесени во катастар. 

Обвинетите Велибор Манев и Влатко Кешишев, не предложија никакви материјални докази и само ќе даваат исказ пред судот. Следното рочиште е на 5ти март.