Ромското знаме подигнато пред општинската зграда во Кичево
Традицијата востановена пред неколку години, за Светскиот ден на Ромите 8 април, на јарболот пред општинската зграда во Кичево да се вее и ромското знаме продолжи и годинава по трет пат, со што практично и започна програмата за прославување на овој значаен датум за ромската заедница денеска во Кичево.
– По иницијатива на градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, започна традицијата за ромската заедница со која им се овозможува на јарболот пред општинската зграда, каде обично стои општинското знаме, неколку минути да се вее знамето кое ромите го чувствуваат како нивно.
Претседателот на Здружението на млади роми, Идавер Реџепоски, изрази благодарност до градоначалникот Дехари и додаде дека манифестацијата ќе продолжи и во попладневните часови со културно-уметничка програма во населбата „Бела кула” во Кичево.
Ново на Сител
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот