Регулаторна и денеска ќе носи одлука за цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.
Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.
За време на викенд нема котации на берзата зошто берзите не работат, па така следната можна промена на цената на горивата ќе биде во понеделник доколку бидат исполнети предусловите за носење нова одлука.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Имаме „оружје“ за тактиките на Мицкоски, ама не го откриваме
-
Воена помош и оружје - Донесен украински пакт за помош на Украина на НАТО самитот
-
СДСМ обвинува дека со кредитот државата оди во политичко заложништво, за власта ова се најповолни услови досега
-
„Не сум земал поткуп, ме наместија“, рече судијата Георгиев кој беше фатен со 10 илјади евра мито
-
Кривична пријава за Бесија Илјази – Ја оштетила Токсикологија за 10.000 евра
-
Врие од полиција во скопски Центар по вознемирувачките снимки објавени во јавност
-
Верска молитва во Собранието
-
Се полнат местата во пониските ешалони