Македонија
12. July 2024 - 16:41

Воена помош и оружје - Донесен украински пакт за помош на Украина на НАТО самитот

НАТО Самитот во Вашингтон беше заокружен со заедничка Декларација, која вклучува и постојана воена и економска поддршка за Украина се до нејзина победа. На Декларацијата земји потписнички се светските сили, односно САД, Јапонија, Велика Британија, Европската Унија како и 17 други земји. Се обврзаа дека ќе ја снабдуваат Украина со воена опрема, обуки и пари.

Најострите осуди за Русија како виновник за илјадници убиени цивили, беа заокружени со говорот на американскиот претседател Бајден, за кој не стивнуваат реакциите во светот.

Храбриот и решителен украински претседател, Зеленски стана храбриот и решителен Путин, откако американскиот претседател, на неговиот завршен говор ги помеша имињата на двајцата најголеми светски непријатели. 

Зеленски го поздрави потпишувањето на “Украинскиот пакт” за помош на неговата земја.

Генералниот секретар на Алијансата, испрати порака до Русија, дека насилството не е исплатливо и дека Украина секогаш ќе може да смета на НАТО.

Македонија не стои во земјите потписнички на “Украинскиот пакт”, бидејќи е во процес на усогласување на билатералниот договор со Украина. Се утврдуваат деталите со кои земјава ќе се обврзе на поддршка за Украина, како што направија и светските сили и другите европски земји.