Македонија
4. August 2024 - 16:31

Дигитализација на македонското земјоделско производство

Науката и праксата мора да се обединат и заедно да соработуваат за зголемување на приносите на земјоделските култури. Унапредувањето на земјоделското производство ќе биде приоритет во годините што претстојат, за да се следат светските трендови и да се постигнат подобри и поефикасни резултати.

- Една од темите на советувањето се дроновите, зошто нивна примена и која е нивната цел, економско значење во прихрана, во заштита на растенијата во различно растително производство, изјави Емилија Арсов, декан на Земјоелски факултет – УГД - Штип

Младите агрономи многу полесно го прифаќаат процесот на дигитализација на земјоделското производство. Тие се двигатели и носители на новите современи методи.

- Она што ми е особено драго е што интерес има и од младите. Трендот на иселување на младите е се поголем во денешно време, меѓутоа интензивно работиме за зајакнување на врските со младите, имајќи предвид дека ги каниме на сите практични денови, настави, научни стручни советувања, се со цел да ги едуцираме и подготвиме да бидат спремни за пазарот на трудот, соодветно да одговорат да бидат подготвени земјоделски инжинери, агрономи- додаде Арсов

Младите земјоделци треба да се обучат за примена на дигиталните алатки и опрема. Дигитализацијата е процес неопходен за осовременување, зголемена продуктивност и конкурентност на агробизнисите.