Македонија
4. August 2024 - 16:41

Мицкоски: Нема да дозволиме дестабилизација на државата

Неодговорното однесување на ДУИ е закана за мирот и стабилноста но Владата ќе направи се за да го заштити суверенитетот и територијаниот интегритет на државата. Премиерот Мицкоски во интервју за Фокус вели дека има информации дека ДУИ подготвуваат и протести за овие прашања за кои вели дека се додека се мирни и демократски, протестите се и легитимни

Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки како Влада, за да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Но, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато изминативе 20 години на власт. Но, не ја исклучувам можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани, несвесно. И сега тие групи и структури може да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние имаме задача како Влада тоа да го браниме и да се одбраниме, вели Мицкоски

Постојат индиции за епски криминали на СДСМ и ДУИ, злоупотребени се милиони за пензии, во Македонски шуми, РЕК Битола, повисоки цена за тендери од нерелани 200%

Ако вие имате недостаток од 5 милијарди денари, што е повеќе од 80 милиони евра, за да се исплатат редовни пензии, зборувам за редовни пензии, без оние 2 пати годишни усогласувања согласно законот, без покачувања. во „Национални шуми“ недостасуваат половина милијарда денари, значи над 8 милиони евра. Ако потрошите половина милијарда евра народни пари за 24 километри, 22 тунели да направите, да влезете во Крива Паланка и да урнете 20 куќи и 20 семејства да ги иселите, и да завршите во мртва улица, односно на половина тунел, не е нормално. Во РЕК Битола, само од една зделка разликата е 40 милиони евра. Ниту еден нормален и чесен бизнисмен не би се нафатил на таква зделка, вели Мицкоски

По сите овие индиции за сторени криминали, а никакво дејство и истраги од обвинителите, премиерот вели дека останува на ставот дека двете институции мора да се исчистат од корумпирани судии и обвинители. Решението кое го нуди ВМРО-ДПМНЕ е судиите и обвинителите сами без мешање  однадвор да изберат кој ќе биде во овие две инситуции, но тие да добијат и поголема независност преку автономен буџет. Мицкоски вели дека никој досега нема понудено друго решение.