Македонија
4. August 2024 - 16:40

Продолжува битката со огнените стихии - Активни се пет пожари

Пет пожари низ државата се гаснат и од воздух, и од копно. Чешкиот хеликоптер, активиран преку механизмот за заштита на ЕУ, денеска интервенира врз пожарот кај Македонски Брод. Огнената стихија која точно една недела е најголем предизвик на пожарникарите, се протега кон ловиштето Јасен. За среќа, вработените не дозволиле, пожарот да навлезе на територијата на ловиштето.

Гори и Илинска планина. Властите овој крак го класифицираат како еден од потешките за гаснење, оти поради црниот густи чад, воздухоловите не можат прецизно да дејствуваат. Затоа фокусот се става на гаснење од копно.

Гори и во Богданци. Иако утрово таму биле испратени хеликоптери, биле спречени да дејствуваат поради силниот ветер. Активниот пожар во Пробиштип, кај село Зелениград е ставен под делумна контрола.    

Во изминатите 24 часа, имало 42 пожари а целосно изгаснати биле 33.

Од странство во гаснењето на пламените јазици кај нас дејствуваат вкупно 102 лица.