Македонија
12. July 2024 - 16:42

Мицотакис: Имаме „оружје“ за тактиките на Мицкоски, ама не го откриваме

Грција има оружје против употребата на името Република Македонија од новата власт во државата, но засега нема да го открие. Ова е коментарот на грчкиот премиер Мицотакис за тоа како ќе реагира на тоа што Мицкоски и во Вашингтон во своите изјави го користеше старото име на државата - Република Македонија. Мицотакис сепак, не испланира средба со Мицкоски за време на троденвниот Самит на НАТО во Вашингтон за лично да му ги каже забелешките на македонскиот премиер. Задоволен е од тоа што Мицкоски во официјалниот дел на состаноците сепак го користел уставното име на државата.

Мицкоски неколкупати во изјавите за медиумите во Вашингтон го користеше името Македонија што особено беше забележително на неговата изјава на влезот во салата каде се одржуваше главниот НАТО форум.

Од Стејт департментот засега ја повторуваат важноста на Договорот од Преспа, без конректни коментари за Мицкоски или Мицотакис.

„За глас на Америка на македонски јазик „Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки“

Последниот ден во Вашингтон пак, Мицкоски го искористи за нови средби со американскиот потсекретар за политички прашања Џон Бас и со чешкиот претседател Павел. На средбите,како што информираат од Владата,  укажал дека „иднината на регионот е во полноправно членство во Европската Унија и дека на тој план се направени премногу отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај и дека кочењето преку неразумните спорови мора да престанат“
Мицкоски ден претходно, како штио инфирмираше, имал куса средба и со привремениот премиер на Бугарија Главчев, кој истотака имаше забелешки за неносењето на уставните измени. Двајцата премиери се согласиле дека односите меѓу двете држави треба да се релаксираат.

Македонскиот премиер имаше средби и со Рама, со италијанската премиерка Мелони, но и со американски конгресмени и сенатори, имаше универзитетско предавање, а се сретна и со првите луѓе на ИРИ и НДИ.

Иако самитот на НАТО заврши, а речиси сите делагиции заминаа од американската престолнина,  Мицотакис и Мицкоски и денеска се на исто место – Њујорк. Двајцата премиери се во посета на својата дијспора и во потрага по инвестиции. Агендите засега, ни таму не им се поклопуваат.