Македонија
12. July 2024 - 16:39

„Не сум земал поткуп, ме наместија“, рече судијата Георгиев кој беше фатен со 10 илјади евра мито

Врховниот судија Наќе Георгиев кој е осомничен дека зел 10 илајди евра поткуп тврди дека е невин.. Бил наместен од синот на поранешниот градоначалник на Ново село.. Георгиев кој 53 дена е во притвор, денеска пред апелациониот суд објаснуваше зошто повеќе не треба да е зад решетки.. Во десетминутниот емотивен говор во детали објасни како се нашол во замката на фамилијата Стојчеви.. Рече бил следен и прогонуван од синот на поранешниот градоначалник Боро Стојчев познат како Боро Малборо.. Му ѕвонел на телефон, доаѓал пред врата и нудел се неговиот татко да добие поблага казна.. 

„Арогантен, вртел со колата околу куќата, ја снимал, ги вадел од контекст разговорите со нова технологија. Секој можат да наместат. Секој што ќе изгуби предмет може да оди во полиција да те пријави дека е он оштетен. Не е тој, Јас сум оштетен“, говореше Георгиев во судницата на Апелационен суд. 

Врховниот судија беше уапсен на 20 мај на паркинг пред трговски центар во Скопје каде според обвинителството во тој момент го земал поткупот.. Георгиев пак вели не знаел што има во ќесата.. Дека се пари дознал од медиумите.. Бил само повикан од синот на екс градоначалникот да дојде на паркингот..

„Тој дојде во Скопје, остава и бега.. Кога видов, мислев ми доставува марихуана бидеќи со татко му се познати по тоа. Веднаш ми стана јасно, во 3.19 бев судија, а една минута подоцна затвореник, од сите страни дојде полиција како да сум меѓународен криминалец“, објасануваше Георгиев.. 

Георгиев застана во одбрана и на членот на советот на обвинители кој е воторосомничен во случајот.. Рече дека Иџет Мемети е чесен колега кој не сторил никаков криминал.. 

 Додаде дека се срами од целата ситуација, го изгубил угледот и нема простор да го повтори делото, па затоа и смета дека повеќе не треба е во притвор.. Неговиот адвокат пак појасни дека е сослушан пријавителот и нема опасност од влијание.. 

Тонско Александар Тумановски, Адвокат

Обвинителството очекува Врховниот судија да остане во притвор бидејќи смета дека тој може да влијае на истрагата.. Георгиев побара обвинителот кривично да одговара бидејќи 53 дена не преземал никакви истражни дејствија и намерно го држи во притвор..