Македонија
30. September 2024 - 10:10

Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир

Во текот на минатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 130 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел и Чаир.

Отстранети се  40 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел.

 

Се интервенираше и на улиците Ресенска, Струмичка, Вуковарска, Цветан Димов и Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се отстранети приближно 90 кубни метри непрописно одложен отпад.

Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден.