Пуџдемон: Ме третираат како криминалец, педофил и сериски убиец
Разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во моментов се наоѓа во Брисел каде што замина откако Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталанската влада.
Тој и четворица министри се предадоа во Белгија и беа ослободени еден ден подоцна.
- Третиран како криминалец, педофил, сериски убиец... Тоа е злоставување. Ова е користење на судовите за политички цели. Тоа е закана, бидејќи за делото за кое сум обвинет, може да ме затворат зад решетки до 30 години. Тоа е лудо. Тоа не е правда, тоа е одмазда, изјави тој за „Скај њуз“.
- Јас не сум бунтовник. Немам дух како бунтовниците, ниту сакам да бидам еден од нив. Јас сум многу дисциплиниран, само сакам да го направам тоа што го одобри мојот парламент. Тоае многу нормално, нема ништо бунтовно во тоа, додаде тој.
Ново на Сител
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања
-
Мицкоски не очекува големи потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Инвестициите и општинските капитални проекти ќе го зголемат економскиот раст
-
Истражување: Битола најотворена општина, Сопиште најзатворена