Македонија
27. July 2024 - 8:58

Пронајдено е 8-годишното дете од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

Вчеравечер околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое вчера околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.