Промовиран акциски план за заштита на балканскиот рис до 2020 година
Заштитата на балканскиот рис на подрачјето на националниот парк „Маврово“ ќе се врши со систематски активности содржани во акциски план што ќе се спроведува до 2020 година.
Документот, што денеска беше официјално промовиран во Трница (Маврово-Ростуше), го изработија Македонско еколошко друштво (МЕД) и НП Маврово во соработка со релевантни партнери од земјава и странство кои се вклучени во програмата за зачувување на балканскиот рис.
На акцискиот план интензивно се работеше во изминатите пет години. Главната цел на Акцискиот план е да се придонесе кон заштитата на популацијата на критично загрозениот балкански рис. Во него се предвидени конкретни активности и мерки со временски и финансиски рамки.
– Акцискиот план главно се однесува за јадровото подрачје на популацијата на рис, кое моментално се наоѓа на територијата на НП Маврово. Со него се предвидени активности во доменот на мониторинг на неговиот плен, едукација и издигање на јавната свест, воспоставување на безбедни коридори за крупните цицачи, прекугранична соработка и слично, рече Диме Меловски, раководител на програмата за зачувување на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво.
На промоцијата беше оценето дека сегашната состојба со рисот во Македонија е загрижувачка. Со најновите проценки, популацијата на рисот во целиот негов потенцијален регион на Jугозападен Балкан изнесува околу 40 возрасни единки. Проценката е добиена со директното пребројување на единки во јадровото подрачје – НП Маврово и нивно ширење на преостанатите погодни станишта.
На терторијата на НП Маврово и неговата потесна околина се среќаваат меѓу 10 и 18 рисови. Заради фактот што популацијата е помала од 50 возрасни, балканскиот рис единки е сместен во категоријата на критично загрозен и од 2015 година е ставен година на Црвената листа на IUCN. Како особеност на Македонија, рисот се наоѓа на монетата од пет денари.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува