Приведени двајца странци на „Табановце“ и Меѓународен аеродром Скопје поради фалсификувани документи
Двајца странци биле приведени во текот на вчерашниот ден поради фалсификувани документи, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, во 10:20 часот на граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М., на возраст од 53 години, од Република Србија.
- При пасошка контрола и проверка, тој на увид приложил бугарски возачка дозвола и лична карта, за кои по извршени проверки, констатирано било дека се фалсификувани. Лицето било предадено во кумановската полициска станица и во координација со јавен обвинител, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово против него поднесе кривична пријава по член 378 од кривичниот законик - „фалсификување исправа“, појаснуваат од МВР.
Претходно, во 10:10 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го привеле О.А., на возраст од 39 години, од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека шпанската шенген виза и британската виза во неговата патна исправа, биле фалсификувани.
Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал при регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот
-
Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
-
Таравари бара директорите на Детска и Козле да преземат мерки за докторите кои направиле превид
-
ВО ЖИВО: Голема полициска акција
-
Смена во АНБ
-
Четири општини нема да добијат државни пари - Владата го продолжи рокот за да може да аплицираат дополнително