-->
-->
Помпео: САД се договорија за „намалување на насилството“ со талибанците во Авганистан
-->
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД „се договорија со талибанците“ за „значителното намалување на насилството во Авга нистан“, јави ДПА.
-Договорот се очекува да биде потпишан на 29 февруати по намалувањето на насилствата во Авганистан, изјави Помпео.
Авганистански претставник утринава соопшти дека еднонеделното „намалување на насилството“ меѓу талибанците, САД и авганистанските безбедносни сили ќе почне многу брзо.
Изјавата беше дадена пред можното потпишување на договор меѓу Вашингтон и талибанците.
– Намалувањето на насилството ќе почне од 22 февруари и ќе трае една недела, изјави Џавед Фајсал, портпарол на Советот за национална безбедност на Авганистан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море