Свет
21. February 2020 - 12:44

Помпео: САД се договорија за „намалување на насилството“ со талибанците во Авганистан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД „се договорија со талибанците“ за „значителното намалување на насилството во Авга нистан“, јави ДПА.

-Договорот се очекува да биде потпишан на 29 февруати по намалувањето на насилствата во Авганистан, изјави Помпео.

Авганистански претставник утринава соопшти дека еднонеделното „намалување на насилството“ меѓу талибанците, САД и авганистанските безбедносни сили ќе почне многу брзо.

Изјавата беше дадена пред можното потпишување на договор меѓу Вашингтон и талибанците.

– Намалувањето на насилството ќе почне од 22 февруари и ќе трае една недела, изјави Џавед Фајсал, портпарол на Советот за национална безбедност на Авганистан.