Мицкоски : Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му била дадена шанса, но оти во изминатиов период, како што рече, од него не се видело ништо друго освен пресметки со неистомисленици во обвинителството и последен браник за одговорноста на минатата власт.
- На Коцевски му оставивме шанса и покрај тоа што бевме свесни дека можеби јавноста нема со наклоност да гледа на таа одлука да оставиме шанса на и така потонатото во кал обвинителство и судство. Дадовме шанса што може да направат, дали може да излезат од таа политичка матрица во која поединци се наоѓаат, не сите. Не влеговме како другите влади од прв ден да се пресметуваме со обвинителот и да правиме маратонски седници и да менуваме закони. Рековме да оставиме простор, но освен внатрешна пресметка со неистомисленици во рамките на обвинителството, која се случи како резултат на процеси во позадина како исплатените дневници за поранешните специјални обвинители, друго ние не видовме. Друго беа изговори, рече Мицкоски, во одговор на пратеничко прашање за реформите во правосудството и барањето за разрешување на обвинителот Коцевски.
Според Мицкоски, од неколку проценти доверба што ја имаа граѓаните во судството и обвинителството, можеби сме сега на негативна нула.
Како што наведе, за да се покаже дека нема да биде „како до сега“ соочени се сите аргументи и констатирано е дека треба да се почне со барање одговорност од јавниот обвинител, кој смета дека од некои потези кои не личат на коректни и внатрешни пресметки во обвинителството, апсолутно ништо друго не прави.
- Почнавме постапка како влада, законски рокови и потоа сето тоа ќе дојде на собраниска седница. Има пратеници од политички партии во опозицијата наместо на страната на гласот на народот, застанаа во одбрана на Коцевски. Имајќи предвид дека довербата во обвинителството не е повеќе од 2-3 проценти, тогаш се поставува прашањето чиј глас го претставуваат бранејќи го Коцевски. Јас лично имам дилема дали е тоа морално или осмислена политичка стратегија? Главните критики од извештајот на ЕК се во делот на владеење на право, имплементација на реформи во правосудството, тогаш кого штитат? Каква е пораката што се испраќа? После се чудат зошто довербата кај граѓаните опаѓа и кај опозицијата, рече премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека главните критики од извештајот на Европската комисија се токму во делот на владеењето на право, имплементација на реформи во судство и обвинителство и порача дека мора да има недвосмислена борба против криминал и корупција.
- Целта е владеење на правото, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол
-
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари
-
Песков: Русија нема намера да ги врати окупираните територии на Украина
-
Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка бидејќи е разрешен пред три месеци
-
Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски поднесе оставка: „Со јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“
-
732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Работнички последен полуфиналист во одбојкарскиот Куп
-
Приведени двајца дилери од Битола, пронајдена дрога