Палестинската управа формира нова влада
Претседателот на Палестинска управа, Махмуд Абас денеска со декрет најави формирање на нова влада. Претседателскиот декрет уследи по меѓународниот притисок за спроведување на реформи.
Абас претходно го именува долгогодишниот советник Мохамед Мустафа за премиер на Палестинската управа. Мустафа, кој е економист, не е член на ниту една партија и вети дека ќе формира технократска влада, ќе воспостави независен фонд за надзор на реконструкцијата во Појасот Газа.
Палестинската управа нема ингеренции во Појасот Газа откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата во 2007 година, победувајќи ги силите лојални на ривалот Фатах, но има ограничена контрола врз делови од Западниот Брег.
Мустафа ќе биде и министер за надворешни работи, додека министер за внатрешни работи ќе остане Зиад Хаб ал Рих од движењето Фатах на Абас.
Најмалку пет од 23-те нови министри се од Појасот Газа, но не се знае дали сè уште се во енклавата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина
-
Маж уценувал и барал пари од вработен во адвокатска канцеларија
-
Кривична за гостиварец кој го нападнал својот татко
-
ЕУ апелира на воздржување од провокативна реторика и активности по вчерашната пресуда за Додик
-
УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов
-
Мицкоски : Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме