Почнува Блуз и соул фестивал 2015
Блуз и соул фестивал 2015 почнува вечер во Сити Хол центарот во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје. Фестивалот ќе го отвори македонскиот гитарист Дамир Пух со неговиот блуз проект.
Според селекторот на Фестивалот, Васја Ивановски, Дамир Пух е извонреден музичар, кој ќе направи одлична кариера и неговиот настап не смее да се пропушти. Истата вечер на Фестивалот ќе настапи и Гркот Сакис Доволис трип.
Утревечер во рамки на втората фестивалска вечер ќе настапи блуз вокалистката Лајла Зое Бенд од Канада, која, како што посочи Ивановски, ја споредуваат со Џенис Џоплин.
- Последнава година таа ја освојува европската музичка сцена. Се вбројува во најдобрите вокали на светската музичка сцена. Нејзините предци потекнуваат од овие простори, рече Ивановски.
Додаде дека на Блуз и соул фестивалот, кој идната година ќе одбележи 20-годишен јубилеј, и има значителна улога и надвор од границите на Република Македонија, настапиле многу познати музичари.
Билетите за Фестивалот се продаваат во Југотон и „Купи карти за се“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат