Почна учебната година во 10-те училишта во општина Карпош
Во сите десет основни училишта во општина Карпош денеска почна новата учебна 2018/2019 година. Во клупите седнаа 680 првачиња, а учебната година непречено почна и за учениците од погорните одделенија.
Добредојде и успешен почеток на учебната година им посакаа заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов и градоначалникот на општината Стефан Богоев на учениците во основното училиште „Јан Амос Коменски“.
- Секое дете е нечиј свет! Затоа да се однесуваме со внимание и почит спрема децата – за да не ги разочараме. Да имаме разбирање и да ги поттикнуваме на разговор и комуникација. Да ги научиме дека треба да го кажат своето мислење, но и да го почитуваат мислењето на своето другарче. Да не им ја рушиме самодовербата, туку да ги мотивираме да ги остварат своите соништа. Да се откажеме од “шаблон” образование и да го развиваме креативниот потенцијал кај првачињата, но и кај сите ученици. Да ги учиме да кажат благодарам, извини, пријатно, затоа што добриот збор и мисла е тоа што не води напред како заедница. Да веруваме во нашите ученици, но и да ги научиме да се радуваат на туѓите успеси, рече Богоев.
Тој додаде дека на дискриминацијата треба да се спротивставуваме со инклузија и на вклучување и на децата со посебни потреби во нормалниот образовен процес, затоа што секое дете треба да се чувствува еднакво и прифатено.
Заменик министерот Атанасов ги истакна определбите на МОН за ослободување на наставниот кадар од административни работи и раст на платите.
Од оваа учебна година, училиштето“Јан Амос Коменски” доби нова, реконструирана спортска сала, како и нови игралишта за фудбал и кошарка на отворено. Намерата на Општина Карпош, како што соопштуваат, е училишните дворови да прераснат во спортско – рекреативни центри.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува