Орце Ѓорѓиевски: На 10 дена пред техничката влада власта изврши промена на систематизацијата во МВР
Зоран Заев и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат да му ги скратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена.
Власта врши предизборна злоупотреба и на само 10 дена пред техничката влада изврши промена на систематизацијата во МВР.
Со новата систематизација се зголемува старешинскиот кадар, факт кој што е проблематизиран и од ЕУ. Зоран Заев и Оливер Спасовски заради заситување на некои лични партиски апетити ќе ја жртвуваат Македонија да трпи критика од ЕУ.
Според новата систематизација која што стапи на сила вчера секаде се објавени интерни огласи со траење од само два дена за пријавување. Со тоа се врши чиста партизација во очи на избори по брза постапка.
Ќе бидат унапредувани луѓе на Заев и Спасовски, кои ќе ги заземат највиталните позиции и ќе треба да го кочат новиот технички министер.
Заев и Спасовски ја укинаа и единицата „Алфа“ и воведуваат нови единици за внатрешни работи. Заев и Спасовски му ја сечат контролата што треба да ја има техничкиот министер и постапката на процесуирање на информации целосно ја развлекуваат.
Заев и Спасовски прават се само за да ја забават правдата и да го отежнат патот кон демократијата.
Времето на криминалци поминува, попусти се сите обиди за опструкција. По 12-ти април конечно доаѓа обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.
Прашање: Ако е така како што викате, тогаш што би правел техничкиот министер, истото би го правел веројатно ова што го направиле Заев и Спасовски и пак ќе збориме за партиски кадри. Зошто е ова лошо, ако техничкиот министер што ќе дојде нема да биде лошо ако го направи истото? Која е разликата?
Одговор: Видете разликата е многу голема, ако влеземе во суштината ќе видиме дека има огромен број на старешински места на кои што како во досегашната систематизација ги немало. Од друга страна имаме укинување на единицата „Алфа“, знаеме кои се надлежностите на единицата „Алфа“ и имаме огласи кои што се распишуваат во траење на само од 48 часа. И за тие 48 часа луѓе треба да аплицираат и да бидат назначени. Што ќе правиме со луѓето кои што не се во Република Македонија и се спречени да аплицираат итн. Значи станува збор за луѓе од списокот на Зоран Заев и Оливер Спасовски кои што ќе бидат по партиска директива дирегирани на места во министерството за внатрешни работи и ќе имаат се со цел да го стопираат процесот кој што треба да го изврши министерот технички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А, знаеме дека техничкиот министер е единствено задолжен за да спроведе фер и демократски избори. Напоредно на сето тоа значи на секој му е јасно во Република Македонија која е намерата и целта на Зоран Заев и Оливер Спасовски да во Република Македонија нема фер и демократски избори.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата