Одбележани 75 години од бомбардирањето на градот Штип
Да си ја чуваме државата, максимално да се вложува во нашите бранители во АРМ и во македонската полиција. Оваа порака беше упатена денеска од Штип, каде се одбележаа 75 години од бомбардирањето на градот.
Пред релјефот посветен на жртвите од бомбардирањето на Штип, кој се наоѓа пред зградата на Народниот театар-Штип, цвеќе положија претставници од Општинската организација на Сојузот на борците-Штип, од општина Штип, од државните институции и од политичките партии.
Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев потсети дека пред 75 години градот беше бомбардиран, а настрада војска, но и цивилно население кое се затекнало во своите домови. Во бомбардирањето загинале 50 лица, сто биле повредени, а голем број од куќите во Еврејското маало, населбата Кадидаре и покрај коритото на реката Отиња биле урнати.
- Бомбардирањето на Штип не беше случајно. Овде беа сместени елитни единици на тогашната кралска војска, но како што е вообичаено не страдаат само војниците во војната, страдаат и цивилите. Бомбардирањето на Штип беше ѕверско и не беше практично селективно, туку паралелно страдале и куќи, гинеа и војници, гинеа и наши невини жители, рече Захариев.
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот