Облачно со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабoта наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица