Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
Народниот правобранител во Струмица бележи зголемување на бројот на преставки од граѓаните во последната година. Според годишниот извештај на канцеларијата, бројот на преставките се зголемил за околу 20%.Освен преставки, канцеларијата на народниот правобранител бележи пораст и на граѓани кои ги посетуваат за правна помош, но и телефонски јавувања преку кои се бараат совети и информации за одредени права.
Иако жалбите покриваат различни области, најголем број од нив се однесуваат на повреда на правата во правосудството.
Освен на правосудството, минатата година голем број граѓани се пожалиле и на нарушени потрошувачките права. Во најголем број случаи се работи за предмети со застарени долгови за кои нема правосилна пресуда.
Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Струмица ги покрива сите општини од Југосточниот и дел од Источниот регион. 95% од преставките што ги поднеле граѓаните биле успешно решени.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар