Факултетите ќе го платат долгот за струја
Факултетите нема да останаат во мрак. Министерката за образование вели дека до утре ќе го платат долгот за струја.
Парите биле обезбедени со ребалансот на буџетот.
По вчерашното неколку часовно исклучување на дел од факултетите при УКИМ, како и зградата на Ректоратот, поради наталожени неплатени сметки, надлежните уверуваат – струја ќе има.
- Вчера во „Службен весник“ излезе ребалансот на буџетот, долговите редовно ги сервисираме. Длабоко сум убедена дека ќе немаме ваков проблем во иднина, изјави Весна Јаневска, министерка за обарзование.
Машинскиот, Електротехничкиот Природно математичкиот и Земјоделскиот факултет вчера остана без електрична енергија поради неплатени сметки.
После неколку часа постигнаа договор долгот да се плати до петок и ЕВН им ја врати струјата. Колку точно должат и кои други инстиутуции имаат неплатени сметки, од ЕВН не откриваат.
Би сакалеа информираме дека станува збор за информации кои произлегуваат од деловниот однос меѓу компанијата и нејзините корисници.
Од тие причини, не би можеле да споделуваме поединечни информации за финансиските обврски на конкретни корисници, вклучително и на институциите од сектор.
Листата на должници – јавни институции е долга. Неофицијално само за струја треба да платат околу 500 илјади евра.
Покрај универзитетите, долгови имаат и Клиничкиот центар, Филхармонија, Пошта, но и голем дел јавни претпријатија во останатите градови низ државата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
