Преглед на вестите од светот
Четврти ден земјотреси го тресат Санторини. И утрово жители, сезонски работници и туристи со авиони и траекти заминаа од грчкиот остров. Околу 6.000 луѓе го напуштиле Санторини во изминатите 48 часа.
Грчки експерти предупредија дека сеизмичката активност на островот може да трае со седмици. Од 1 февруари заклучно со утрово имало над 300 потреси со јачина меѓу 2,8 и 4,9 степени според Рихтеровата скала без да предизвикаат штета.
САД од утрово воведоа царини од дополнителни 10% на кинескиот увоз, поради како што рече претседателот Трамп Пекинг не прави доволно за да го запре протокот на дрогата фентанил во САД.
Трамп ги прекрши правилата на светската трговска органзаиција и доколку во наредните денови не ја промени одлуката, од 10 февруари ќе стартуваат нашите одмазднички мерки, истакна амбасадорот на Кина во ООН.
Кина ќе возврати на Сад - од воведување 15 проценти царини за увозот на јаглен и природен гас, преку 10 проценти царини за сурова нафта, земјоделска машинерија, камионети и автомобили со голема моторна зафатнина, до отворање анти монополска истрага за гугл.
Претседателот на САД Трамп со предлог до украинските власти - Украина да ги снабдува соеденитетите држави со ретки метали со кои таа располага во замена за американска финанска и воена помош во војната со Русија. Нема коментар од украинските власти, додека според Кремљ, предлогот на Трамп покажува дека Вашингтон повеќе не сака да обезбедува бесплатна помош за Киев.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар