-->
-->
НУ Музеј Куманово заврши со истражувања на локалитетот Градиште
-->
Кумановските археолози завршија со годинашниве истражувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, информираа денеска од НУ Музеј Куманово. Археолозите го истражија масивниот ѕид поголем од дванаесет метри, кој беше откриен и претходната година на оваа енигматична градба од камени блокови, поставени во правец север-југ.
– Околу ѕидот има простории со различни наоди, увезени од егејскиот брег, но и од автохтоно домашно производство. Се открија трагови од насилно уривање на градбата, соопштија археолозите од кумановскиот музеј.
Ѕидот е поставен е на плато пониско од таканаречениот„акрополен простор“, со што и стратиграфија на овој дел од локалитетот е поинаква од ситуациите откриени во репрезентативните градби на врвот од ридот кои претходните години беа истражувани во соработка на кумановските археолози и стручните лица од Инститот за историја на уметност и археологија.
Годинешниве истражувања се продолжение на претходните ископувања што се вршени на овој локалитет и се одвиваа западно од веќе истражениот простор, со цел да се добие увид во секојдневието на луѓето во населбата, што е различно во однос на претходните години кога се истражуваа монументалните градби. Наодите, како и претходните години потекнуваат во 4-2 век пр. н.е. (т.н. хеленистички период).
Од кумановскиот музеј се надеваат дека ископувањата на овој значаен локалитет ќе продолжат и наредната година, бидејќи локалитетот и откритијата се многу значајни за овој дел . Локалитетот за прв пат е откриен пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот наенеолитот, железното време, раната антика и хеленизмот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!