Свет
25. December 2015 - 12:14

Нова рударска несреќа во Кина

Шест лица се затрупани, а 19 се водат како исчезнати во рударската несреќа во источната кинеска провијнција Шандонг.

Спасувачките екипи успеале безбедно да извлечат четворица рудариод под земја.

Во рударските несреќи во Кина годинава загинаа 931 лица, што е значително помалку во споредба со 2002 година кога загинаа 7.000 рудари.

Кинеските рудници долги години се сметаа за најсмртоносни, но претходните години засилени се безбедносните мерки.