Балкан
4. October 2024 - 16:58

Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ

Најмалку 20 лица загинаа по синоќешното невреме со обилен дожд што предизвика поплави, свлечишта, одрони и излевање на  реки во централните и јужните делови на Босна и Херцеговна Најтешко погоден е градот Јабланца, а последици од невремето има и во Кисељак, Крешево и Форница Поплавени куки и други објекти,  железнички пруги висат во воздух, урнати мостови и патишата, што дополнително го отежнуваат пристапот до погодените места.

Федералните служби работат  на извелкување и евакуација на повредените. Ги спасуваат со чамци и хеликоптери.

Министерот Хелез рече и дека е побарана помош од меѓународната заедница.