БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
Плачот на роднините и буката која ја прават градежните машини ја нарушуваат тешката тишина која утрово владее во босанското село Долна Јабланица, најпогоденото во катастрофалните поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина.
Неофицијално до овој момент извлечени се најмалку 16 тела а надлежните стравуваат дека под уранитите има уште.
Три тела биле извлечени во селото Фојница едно во Коњица а уште 12 во Долна Јабланица во централна Босна. Федералниот премиер се сомнева дека причината за 12 жртви во ова село е локален каменолом. Истражителите се на терен.
А санацијата нема да оди лесно. Иако главната сообраќајница што поминува низ централна Босна е вратена во функција се уште десетина населени места се комплетно отсечени бидејќи поплавите ја однесоа целата инфраструктура. Босанската изборна комисија во 4 општини ги одложи локалните избори кои требаше да се одржат утре.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар