Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
Бојко Борисов ги постави контурите на новата бугарска влада. Коалицијата од ГЕРБ-СДС, Продолжуваме со промените-ДБ, Бугарска социјалистичка партија и „Има таков Народ“ според него е можна. Но испарати и порака дека место за Дељан Пеевски од ДПС и Костадин Костадинов од Преродба нема да има во владиниот кабинет.
- Mоже да се формира влада без „ДПС - Нов Почеток“ и Пеевски, без АПС, за жал без „Преродба“, затоа што сме од многу различни идеолошки семејства и без МЕЧ. Влада може да се формира со сите други - ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ, „БСП “ и „Има таков Народ“. Тоа е нешто исклучително комплицирано во оваа ситуација, рече Борисов.
И покрај ваквиот оптимизам на Борисов, новите пратеници во 51 состав дадоа заклетва, но не успееаја да изберат претседател на Парламентот.
Претседателот на Преродба Костадинов порача дека ако се формира влада без нив, таа ќе биде нестабилна и формирана врз основа на „злосторнички заговор“.
Бугарскиот претседател Радев му порача на нови парламентарен состав дека ќе имаат тешка задача да работат, по натрупаните проблеми и обвинувања за изборен фалсификат.
- Сакам да му посакам на парламентот успех во неговите први важни потфати, а тоа се изборот на претседавач и раководство. Но, мораме да сфатиме дека на позадината на сите наталожени проблеми, задачата на 51-то Народно собрание е особено тешка во позадината на долготрајниот сомнеж за валкање на гласовите, кој овојпат го премина прагот на јавна толеранција. Наспроти ова, многу е важно парламентот да може сам да ја брани својата независност, дури и кога е загрозен одвнатре, порача Радев.
Пеевски кој доби црвен картон од Борисов, и стана непожелен за коалицирање, по заклетвата ја напушти собраниската сала и се приклучи на протестите. Оттаму му порача дека нема да дозволат да бидат надвор од владата.
А дури седум протести ја ставија Софија е под блокада за време на конститутивната седница на бугарскиот парлемент. Според пријавите, пет имиња влегуваат во трката за претседател на парламентот. По неколку неуспешни обиди, ново гласање за избор на спикер на бугарскиот парламент е закажано за среда.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар