Loading Video...
Балкан
3. November 2024 - 16:27

Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата

Тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад се уште се во тешка здравствена состојба и лекарите од Клиничкиот центар Војводина се уште се борат за нивните животи.

Во меѓувреме, српските служби интензивно вршат распити со луѓе кои биле дел од реконструкцијата на Железничката страница. Вчера сослушани биле 26 луѓе.

-Вчера сослушани се 26 лица, меѓу другите и министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура, директорт на Заводот за заштитна на споменици на културата на Град Нови Сад, одговорни лица во „Железници на Србија“, „Инфрастктура на железници на Србија, одговорни лица ангажирани за изведување на работите. Обемна е документацијата од Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура која ќе биде предадена на вештаците за натамошно постапување. За денеска наложено е сослушување на 14 лица. Продолжува интензивна работа со цел утврдување на сите важни елементи на кривично дело и кривична одговорност на лица, велат од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

- Овие луѓе ги уби корупцијата. Овие луѓе ги уби овој режим. (Упсете го Вучиќ). Овие луѓе ги уби државата....

Масовни протести во Белград со кој граѓаите бараат политичка и кривична одговорност за паднатата натстрешница која уби 14 луѓе.

Дел од демонстрантите со црвена боја, која ја претставува крвта на настраданите во несреќата, ги фарбаа улиците пред објектот на Владата.

Граѓаните велат, одговорност мора да има.

Премиерот Вучевиќ најавува политичка одговорност. Но вели, заедно со претседателот Вучиќ одлуката ќе ја донесат со ладна глава, рационално, а не под притисок на објавите на социјалните мрежи.

Несреќата во Нови Сад се случи во петокот претпладне, околу 11:50 часот. Натстрешницата на Железничката станица падна врз граѓани кои стоеја пред објектот. Меѓу нив беше и Васко Саздовски, македонски државјанин кој живеел и работел во Нови Сад, во институтот БиоСенс.

Во моментот чекал воз за Белград, а потоа со автобус требал да се упати кон Скопје. Колегите, научникот Саздовски го опишуваат како „секогаш насмеан“.