Бизнис
20. August 2024 - 16:31

За 10 евра се зголемиле трошоците за живот во август – потребни се над 1.000 евра месечно за да се преживее

Поскапувањето не запира,. Цените и натаму растат. Синдикатот пресмета дека на  4 члено семејство за да ги задоволи основните потреби во август му биле потребни 630 денари повеќе во однос на претходниот месец .  Од јануари пак до август, трошоците за живот  се зголемиле за нешто над 4.000 денари.  Потрошувачката кошница за овој месец изнесува 61. 200 денари. Повеќе од третина од ова сума оди само за храна и пијалоци, 10% за плаќање сметки и 11  отсто за образование. Само мал дел, под 2,000 денари  месечно граѓаните издвојуваат за лична хигиена и  здравје. Ако семејствата живеат во изнајмен дом, трошоците им се уште повисоки. За стан од 60 квадратни месечно им требаат уште најмалку 15 илјади денари за ќирија. Затоа ССМ  смета дека платите мора да растат , а дилемите на оние кои мислат дека работничите плати се највиновни за растот на инфлацијата – треба да се разбијат.

Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.

Инаку тие од новата власт побараа во првите 100 дена да ја зголеми минималната плата за 80 евра,и истата да изнесува 450 евра. .Премиерот Мицкоски пак им вети дека ќе им го даде буџетот на увид за да видат дека пари за згоелмување на платите – нема.  Минималната, согласно законот, треба да се зголеми во март до година.