Бизнис
19. October 2024 - 16:38

Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните

Алармантни и поразителни се податоците од Светска банка за македонската економија. СДСМ обвинува дека економските политики на владата се целосно неуспешни, а економијата е на смртна постела. Владата нема контрола врз ситуацијата, трошоците за живот растат, луѓето едвај врзуваат крај со крај.

Проектите кои требаше да донесат бенефит, како Коридор 8 и 10Д, ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија, што ќе има катастрофални последици врз БДП, вели Битиќи.

- Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина.

Најновиот извештај на Светската банка е јасен доказ за катастрофалните резултати на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која е неполни четири месеци на власт. Нивните економски политики, кои ги претставија како решение за сите проблеми, се покажаа како тотален неуспех, изјави Фатмир Битиќи, СДСМ

Премиерот пак е задовоен што економијата која СДСМ ја оставил во пад, почнала да се опоравува. Уверува дека се ќе биде спротивно од она што го кажува СДСМ

- Она што можам да го кажам е дека се што кажала СДСМ промашија. Овие прес-конференции треба да бидат само знак дека е спротивно од тоа што тие го кажуваат е во реалноста. Им благодарам на СДСМ што преку своите прес-конференции и пораки кои ги испраќаат во јавноста само потврдуваат и ги потсетуваат граѓаните за своето седумгодишно разбојничко владеење, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Лоши прогнози за глобалната економија, а посебно во земјите во развој стигнаа и од шефицата на ММФ, пред есенските средби на фондот и Светска банка. Не чека тешка иднина, вели Георгиева  – растот ќе биде слаб, задолженоста висока, трговските тензии ќе растат.

- Нашите прогнози укажуваат на тешка комбинација на слаб раст и висока задолженост – тешка иднина“ рече Георгиева, посочувајќи на мешаните економски прогнози за главните светски играчи. Растот во целина нема да биде доволен за да се искорени сиромаштијата во светот, да се отворат потребниот број работни места или да се генерираат даночни приходи потребни за сервисирање на огромниот долг и финансирање инвестиции, посочи првиот човек на ММФ.

Инфлацијата забавува, ценовната стабилност се враќа, како и состојбата со пазарот на труд во САД и Европа. Кина успорува, Индија забрзува, американската економија оди доста добро, но Европа може подобро,вели Георгиева. 

Високите цени непропорционално ги погодуваат сиромашните, а конфликтот на Блискиот Исток може да ескалира и да ги дестабиизира регионалните економии и светските пазари на стока.