Треновски: Оптимистички буџет со бројки кои тешко ќе се достигнат
Оптимистички буџет, со високо ново капитални инвестиции, кое тешко дека ќе се реализира. Ова е првичната оценка на експертите за прелог буџетот за следната година. Бројката од над 800 милиони евра за капитални инвестиции – велат дека никогаш до сега не искористила. Сепак, најважно е за какви проекти ќе се трошат парите, дали за инфаструктура која носи раст, но и кој и како ќе контролира на што се трошат парите на граѓаните.
- Капиталните инвестиции се многу важни. Но она што сакаме да го слушнеме од Владата, од премиерот, тоа и беше најавувано ако се сеќавате во минатото, дека ќе го промениме мониторнингот, контролата на управување на јавниот сектор, ќе ја намалиме неформалната економија, корупцијата, но она што сакаме да го слушнеме од премиерот , е да ги образложат системите на кој начин ние ќе ги реализираме овие капитални инвестиции. Да не се случи пак на крај на годината да има низок прокет на реазлиација, па да имаме интервентни проекти. Ова е болка која трае со години, но конечно треба да се отвори, со квантитативната страна да се образложи и квалитативната страна на овие прокети, изјави Борче Треновски.
Во предлог буџетот предвидени се над 750 милиони евра за плати во јавната админситрација или 90 милиони евра повеќе од парите за оваа година. За пензии, каде е вкалкулирано и најавеното покачување од март , ќе се потрошат 1,7 милијарди евра. Има и за зголемување на платите во обарзованието и здравството, но и за повисока минималана плата од март – чиј износ не се соопштува. Растот е проектиран на 3,7 отсто, за кој Треновски вели дека е најоптимистички од сите релевантни институции
- Глобалниот раст е проектиран на 3%, но на германската економија,која е наш најголем трговски партнер, е околу 1%. Тие ризици од надворешното опкружување можат да го наруштат растот. Инаку министерството за финансии последните 10, 15 години, секогаш има најоптистички прогнози за раст , додава Треновски.
Минусот во државаната каса, според проекциите ќе изнесува 672 милиони евра или 4% од БДП. Инфлацијата ќе се намали на 2,2 осто, но јавниот долг ќе порасне на 64 %. Предлогот уште се дораборува и според најавите од финансии ќе биде објавен и испратен во Собранието во петок.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар