Со пари од ЕУ младите ќе се штитат од сајбер насилство
Со 650 илјади евра пари од Унијата и 200 илјади од државата ќе се штитат младите од сајбер насилство. Во следната година и пол ќе се изгради Центар за подигнување на свесноста од заканите на интернет , ќе се отвори телефонска линија за помош на жртвите од он лајн малтретирање , но ќе се едуцираат и во школите за да научат како да препознаат, и како да се заштитаат од овој вид насилество, кој со дигитализацијата е во пораст.
Повеќе елементи има проектот, еден од нив е линија за поддршка на која што младите ќе можат да комуницираат при евентуално потенцијална недолична содржина на интернет или некој случај на сајбер малтретирање. Истовремено, тој центар за поддршка ќе оди во училиштата, ќе соработува со здруженија на граѓани и со младите на работилници на кои ќе им презентира на младите како да се заштитат, односно ќе ја има превентивната улога. И на работилници ќе ги учи младите што е она што е полезно на интернет, а што и како треба да се избегнуваат информациите кои што тие не би сакалае да ги гледаат.изјави Стефан Андоновски, министер за информатичко општество.
Во моментов нема анализа колку млади биле жртви на сајбер насилство – бројките ги објавува само МВР од оние лица кои го пријавиле малтретирањето. Но , не е мал бројот на тие кои се срамат да пријават, поради страв од исмевање или друг вид на психичко малтретирање. Токму затоа и родителите, заедно со наставници и прихолози ќе бидат вклучени во проектот, со кој се прави сериозен чекор кој дигиталната иднина. За побезбеден интернет, Унијата вкупно одобри 7,5 милијарди евра за земјите потписнички на договорот.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар