Околу 1000 евра му се потребни на четиричлено семејство да го преживее февруари
Едно четиричлено семејство за да го преживее месец февруари му се потребни 57.476 денари, само за минмалните трошоци во семејството, според новата потрошувачка кошничка за овој месец.
Ако во семејството двајцата родители со две малолетни деца, земаат минимални плати невозможно е да се покрие минималната кошница, односно недостигаат нешто над 17.000 денари.
Најмногу пари и овој месец одат за храна и пијалоци, 21.219 денари, а синдикатот пресметал дека за образование во февруари давачката е околу 7.000 денари.
Потоа следат сметките кои во просек месецов се 100 евра и транспортот од околу 5.000 денари, што според ССМ е најзагружувачки.
За здравјето семејствата одвојуваат најмалку средства, само 1.115 денари.
Животот станува се поскап, од ден на ден се зголемуваат цените во маркетите. Платите и пензиите мора да се зголемат, но и да има почести инспекциски надзори во ланците маркети, апелираат од ССМ.
Трошоците овој месец се за 300 денари, поголеми од јануари, а за станарина 213 денари.
Ако се спореди со месец февруари минатата година, на едно семејство давачките им се зголемиле за околу 6.500 денари.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар