Нетанјаху: Препораките за покренување обвинение нема да резултираат со ништо
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека препораките на полицијата да биде обвинет за корупција „нема да резултира со ништо".
Во телевизиското обраќање до нацијата, Нетанјаху ги отфрли наводите дека добивал скапи подароци, вклучувајќи шампањ и скапи пури, од холивудскиот богаташ Арнон Милчан во замена за давање услуги.
Израелскиот премиер, исто така, е осомничен дека нудел привилегирана позиција на издавач на весници во замена за поповолен медиумски третман.
Нетанјаху изјави дека неговата долга политичка кариера е „исклучиво за доброто на земјата". Тој ја обвини полицијата дека спроведува „лов на вештерки" против него и најави дека ќе остане на функцијата. Тој го заврши обраќањето со ветување дека ќе остане премиер на Израел и дека ќе се натпреварува за реизбор.
Полициските препораки ќе бидат доставени до државниот обвинител, кој ќе одлучи дали да подигне обвиненија.
Ново на Сител
-
Мицкоски од Вашингтон за пораките на Мицотакис: „Блокадите треба да бидат реликвија од минатото“
-
Сојузниците преговараат дали Украина ќе добие зелено светло за влез во НАТО
-
Да се искористи моментот
-
Пожар на Вардариште
-
Спасени три 16-годишни момчиња кои повеќе од четири часа биле заглавени на островче на реката Треска
-
Препораки за топлото време – Пред да пиете лекови за хипертензија прво измерете го притисокот
-
Нема да се раскине договорот
-
За три месеца возила на ЈСП имале 49 сообраќајни незгоди