Сојузниците преговараат дали Украина ќе добие зелено светло за влез во НАТО
Дали Украина ќе добие зелено светло за влез во НАТО е во фокусот на вториот ден од самитот во Вашингтон. Откако сојузниците вчера се согласија државата да добие десетици системи за противвоздушна одбрана, денеска преговори се водат околу декларацијата со која треба да биде утврдена временската рамка но и реформите кои треба да ги спроведе Киев.
Во својот 13-минутен говор на отворањето на самитот американскиот претседател Бајден уверуваше дека Украина ќе ја победи Русија. Пораките ги слушаше и Зеленски кој од сојузниците побара поодлучни мерки за помош.
Ова е последен самит кој го води Столтенберг, кој од 1 октовмри годинава водството на Алијансата ќе му го предаде на холандскиот премиер во заминување Марк Руте.
Во таа чест американскиот претседател Бајден вчера му додели медал на слободата, по неговиот 10 годишен ангажман нарекувајќи го вистински професионалец.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар