Ердоган: Турција нема да ја одобри соработката на НАТО со Израел
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да биде можно НАТО да го продолжи партнерството со израелските власти, пренесоа британските медиуми.
-Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, обидите за соработка со Израел во рамките на НАТО нема да бидат одобрени од Турција, рече Ердоган за време на прес-конференцијата на самитот на алијансата во Вашингтон.
Тој додаде дека неговата земја ќе продолжи со дипломатските напори за ставање крај на руско-украинската војна.
Во исто време, Ердоган рече дека му наложил на својот министер за надворешни работи Хакан Фидан да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад за да започне со обновување на односите со арапската република.
Коментирајќи ја можната продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција, Ердоган рече дека разговарал со неговиот американски колега Џо Бајден, кој му рекол дека ќе го реши проблемот „за три-четири недели“.
Ново на Сител
-
Пожар под Калето во Скопје, интервенираат четири противпожарни возила
-
Истрага за убиството во Батинци
-
Претежно стабилно и топло време по продолжениот викенд
-
Запалена спортска обложувачница во Бутел - Пожарот го зафатил и соседниот објект
-
Пронајден 61-годишен маж во безсознание на клинички – По кратко време починал
-
Кампањата на Камала Харис во јули собра 310 милиони долари
-
ИЈЗ: По проверките, сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални
-
Гаши: Заложбата на Илинденците трае и денес, треба да не обедини патриотизмот и заедничка цел за подобра држава