Македонија
10. July 2024 - 16:40

Препораки за топлото време – Пред да пиете лекови за хипертензија прво измерете го притисокот

Колапси, срцеви и мозочни удари, труења со храна – последиците од пеколните горештини можат да бидат сериозна закана по здравјето а тоа го покажуваат и дневните билтени на скопската Брза Помоп. Денеска, само до пладне екипите интервенирале кај четири колабирања на јавен простор меѓу кои жена која при падот ја повредила главата и пациент кој имал срцев удар додека бил на лекар.

-Пациентот ги почуствувал тегобите, градна болка и потешкотии при дишењето и отишол до најблиската поликлиника. Оттаму ни се јавија дека е потврден инфаркт и од наша страна пациентот е транспортиран до клиника за Кардиологија, вели д-р Рихад Реџепи од Брза Помош Скопје.

Температури од 40 степени се опасни за сите а посебно за хронично болните кои не треба да излегуваат кога ер најтопло и да ги почитуваат препораките од лекарите.

-Да не се излегува од ладна просторија и обратно зашто тогаш настанува колапс. Особено терапијата што ја земаат треба редовно, во во овие жешки периоди треба прво да с еизмери притисокот бидејќи има период кога притисокот е низок а со терапијата што ја земаат паѓа, вели д-р Реџепи.

Понеси шише ладна вода кога си надвор, избегнувај алкохол, кафе, чај и топли, зачинети и солени јадења  кои можат да ве дехидрираат. Носете лесна и светла облека, спијте доволно и јадење повеќе зеленчук и овошје, советуваат од Институтот за јавно здравје.

Многу топло време ќе има и во следниот период кога има најави и за портокалово ниво  од опасност од високи температури.