Неготино ќе бира најубави вина и ракии
Неготино ќе бира најубави вина и ракии, како дел од бројните активности со кои ќе биде одбележан верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитиник на лозарите, информираат од неготинската локална самоуправа.
- Активностите за одбележување на празникот веќе започнаа, а ќе станат поинтензивни наредниот петок, кога на агендата се предвидени организирана дегустација, натпревар во вино и ракија на индивидуалните производители во општина Неготино и предавање за заштита на земјоделските растенија и производи, соопштија од општината.
Во сабота на 13 февруари на програмата се организирана дегустација, натпревар во бело и црно вино со учество на домашни и интернационални винарии, денот на вранецот, винска тура, предавање за заштита на виновата лоза, традиционална копаничарска изложба.
- Централниот настан е на 14 февруари, со фолклорно дефиле и фолклорно-културни изведби на бина, учество на локални естрадни уметници, ритуал на обредно закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварот за најдобри вина и ракии. Тогаш на градскиот плоштад ќе има и промотивни штандови со вино и храна, информираа од локалната самоуправа Неготино.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ