Македонија
29. January 2016 - 11:17

Неготино ќе бира најубави вина и ракии

Неготино ќе бира најубави вина и ракии, како дел од бројните активности со кои ќе биде одбележан верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитиник на лозарите, информираат од неготинската локална самоуправа.

- Активностите за одбележување на празникот веќе започнаа, а ќе станат поинтензивни наредниот петок, кога на агендата се предвидени организирана дегустација, натпревар во вино и ракија на индивидуалните производители во општина Неготино и предавање за заштита на земјоделските растенија и производи, соопштија од општината.

Во сабота на 13 февруари на програмата се организирана дегустација,  натпревар во бело и црно вино со учество на домашни и интернационални винарии, денот на вранецот, винска тура,  предавање за заштита на виновата лоза, традиционална копаничарска изложба.

- Централниот настан е на 14 февруари,  со фолклорно дефиле и фолклорно-културни изведби на бина, учество на локални естрадни уметници, ритуал на обредно закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварот за најдобри вина и ракии. Тогаш на градскиот плоштад ќе има и промотивни штандови со вино и храна, информираа од локалната самоуправа Неготино.