-->
-->
Намален род на тутунот во Струмичко-производителите очекуваат повисоки откупни цени од лани
-->
И покрај тоа што родот на тутунот од годинашната реколта е намален за 10 до 15 отсто во споредба со лани поради сушата, сепак тутунопроизводителите очекуваат повисоки откупни просечни цени.
Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево вели дека 90-95 отсто од површините засеани со тутун се обрани и следува процес на обработка на културата.
-Очекувавме во Струмичко да има околу 2,5 милиони килограми тутун, но сушата го намали родот на околу 2,3. За разлика на тоа ќе имаме поквалитетен тутун и ќе имаме подобра цена. Ако лани во струмичкиот регион добивме 210 денари просечна цена, очекуваме оваа година 220 денари за килограм да биде просечната цена, вели Трајков.
Заради подобриот квалитет тутунарите очекуваат и исплата на повисоки субвенции, односно ќе ги нема понеквалитетните берби за кои и субвенциите се помали, односно изнесуваат 60 денари за предаден килограм тутун, за разлика од поквалитетните за кои се исплаќа 70 и 80 денари.
Оваа година тутунот е засаден во Струмичко на површина од околу 1.200 хектари. Од петте компании што вршат откуп во овој дел од државата се пополнети околу 2.400 евидентни листови од страна на тутунопроизводителите.
Според новиот закон последниот рок за почеток на откупот на тутун е 15 декември, но од „Басмак“ се надеваат дека откупот може да почне и еден месец порано доколку временските услови го дозволат тоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука
-
Меџити: Уставен суд се претвори во змеј, сите фрлаат со стрели и оган кон оваа институција
-
Борба против корупција
-
Левица поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Илире Даути
-
Зајкова поднесе закон за укинување и намалување на дел од банкарските провизии
-
Да се формира посебно тело во облик на туристичка или комунална полиција
-
Со 2 милиони евра од унгарскиот кредит, Штип ќе гради обиколница
-
Криумчарењето во благ пораст, илегалните мигранти намалени за 50% во однос на лани